По повод Светскиот ден на туризмот, 27. Септември, од страна на министерот за економија Крешник Бектеши по повод одбележувањето на Светскиот ден на туризмот додели признанија за животно дело за исклучителен придонес во развојот на туризмот, афирмацијата и промоција на Македонија на меѓународен план.
Доделени беа признанија на 20 доајени на македонската туристичка индустрија, а меѓу нив признание за животно дело – Херои на Туризмот на Миле Спировски, сопственикот на туристичката агенција “Турист“ од Битола во сектор туризам.
-Денеска сме тука да го одбележиме овој светски настан, кој се одржува под глобалното мото “Rethink Tourism “ и да ги одбележиме сите оние бројни мали можности, кои го прават голем туризмот во државата. За таа цел оваа година наместо признанија за успешни агенции, хотели да се потсетиме на луѓето кои се најзаслужни што туризмот денеска е една од главните теми во нашата држава. Секторот за туризам заедно со Советот за туризам направија селекција при што е донесена одлука за доделување на Признанија за животно дело за исклучителен придонес во развојот на туризмот.

Признание за животно дело за развој на туризмот, “Херои на туризмот“, за Миле Спировски од ТА “Турист“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





