Во Битола се одржа вториот по ред „Саем на социјални претпријатија“, во организација на проектот на ЕУ „Поддршка на социјалните претпријатија“, имплементиран од Ептиса, Барка и Екорис, каде корисник е Министерството за труд и социјална политика.
Социјалните претпријатија кои беа присутни на саемот преку економски активности прават добро за општеството, тие вработуваат маргинализирани групи и го реинвестираат својот профит со цел решавање на одредени општествени проблеми. Граѓаните оваа година се запознаа со работата на повеќе од 11 организации кои пред нив ги презентираа своите услуги и производи.
На саемот се обрати и Градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски потенцирајќи ја важната улога која ја има социјалното претприемништво во поврзувањето на граѓанските здруженија, јавни инстуиции, училишта, универзитетите и локалните бизниси во интегрираниот регионален потенцијал за наоѓање нови начини на соработка и решавање на социјалните, општествените и еколошки проблеми со вклучување на тие кои се оставени на страна.
На настанот се обрати и тим лидерката на проектот, Барбара Садовска која изјави дека со оглед на постојните социјални претпријатија и заинтересираноста на посетителите силно верува дека во овој регион ќе има одличен развој на полето на социјалната економија.

Во Битола се одржа вториот саем на социјални претријатија
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





