Денес, недела, 2 октомври, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Максималната температура во Битола ќе биде 23 степени.
Утре, понеделник, 3 октомври, во Битола времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има локално зголемување на облачноста проследено со врнежи од дожд. Максималната температура во Битола ќе биде 20 степени.






