Првиот официјален настан на Ромскиот здравствен образовен центар во соработка со ОУ „Ѓорѓи Сугрев“ во Битола, во спортската сала на ООУ„Ѓорѓи Сугрев“ – Битола се одржа спортски натпревар со родители и деца од сите генерации од ромската и неромската заедница.
За време на настанот учесниците се потсетија колку спортот е забавен, но и колку придонесува за нивното здравје ако го практикуваат редовно. Ова беше прв пат да се соберат заедно родители и деца од сите генерации, вклучувајќи дел од наставниот кадар во ОУ „Ѓорѓи Сугрев“.
Стотина учесници се забавуваа и учеа за важноста на спортот, дисциплината, правилата и фер играта преку: – кратко предавање за важноста на изведување на утринска гимнастика, физички вежби и пешачење/велосипедизам/трчање во природа; – активности за згревање – изведување на вежби за развој на телото; – изведување штафетни игри во две групи со ротација; – играње лепчиња со сите учесници; – крајна активност – играње заедничко народно „оро на пријателство“.
Учесниците беа презадоволни и посакаа овој настан да стане редовен и премине во традиција. Огромна благодарност до директорот на ОУ „Ѓорѓи Сугрев“, Роберт Филиповски, како и одделенските наставнички Наташа Тодоровска и Билјана Рахманова Тасева за соработката и помошта при организацијата и изведбата.

Започна со активности Ромскиот здравствен образовен центар (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





