-Библиотеката е „срце на Универзитетот“ која во континуитет ги следи современите трендови и е дел од големото општество кое точи знаење. Нашата библиотека има за цел да биде логистичка поддршка на образовната, научната и истражувачката работа на Универзитетот и да им помогне на студентите во пребарување, изготвување и осмислување на научно-истражувачката работа, истакна директорот на НУУБ “Св. Климен Охридски“ од Битола, м-р Бојан Стефановски кој присуствуваше на првиот академски час на Педагошкиот факултет во Битола и им подели ваучери за едногодишна бесплатна членарина на студентите кои се запишаа во оваа учебна година.
За крај им посака на бруцошите квалитативно стекнување на нови знаења на избраните факултети, а на оние од завршните студиски години, успешно завршување на студиите и побрзо вработување.
Голема благодарност до деканот на Педагошкиот факултет во Битола, проф. д-р Данче Сивакова-Нешковски која ни овозможи да бидеме дел од нивниот прв академски час. Почитувани студенти за искористување на ваучерите при доаѓање во нашата библиотека треба да носите лична карта и индекс.

Библиотеката дел од првиот академски час на Педагошки факултет


More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





