По повод Денот на учителот, 5 Октомври, Здружение на одделенски наставници – УЧИТЕЛ на РСМ и НУУБ„ Св. Климент Охридски“ – Битола потпишаа Меморандум за соработка со цел заемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието и културата, учество, соработка и реализација на заеднички проекти, одбележување на значајни настани преку организирање на работилници, предавања, трибини, промоции и сл.
На настанот се обрати директорот на НУУБ„Св. Климент Охридски“-битола, м-р Бојан Стефановски, кој на присутните наставници и на сите останати им го честита Денот на учителот, 5 октомври, посакувајќи им плодна работа и понуди соработка со библиотеката предвидени во меморандумот.
На заедничкото потпишување присуствуваа претседателот на здружението Наташа Тодоровска и дваесеттина наставници од основни училишта од Битола и околината кои се членови на Здружението на одделенски наставници на РСМ.
На средбата се дискутираше на тема – Професија над сите професии –УЧИТЕЛ ! Учителите презентираа активности кои ги реализираат со учениците на редовните и часовите за воннаставни активности. Дел од наставниците рецитираа поетски творби посветени на професијата УЧИТЕЛ.

На Светскиот ден на учителот потпишан меморандум помеѓу Библиотеката и одделенските наставници од Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





