Денеска, 8. октомвти, Секторот за внатрешни работи Битола, Отсек за превенција за превенција и полициската станици Битола заедно со портпаролот на СВР Битола во градскиот пазар во Битола спроведоа превентивни активности за заштита од џебни кражби под мотото „Заедно до поголема сигурност“.
На граѓаните, посебно повозрасните, покрај практични совети во врска со начините и постапките кои треба да се преземат во насока на поголема заштита од сторители на џебни кражби, им беа поделени и летоци со едукативна содржина.






