Преставници од здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“ од 4 до 8 октомври 2022 година учестуваа на состанок во Плауен, Германија во рамки на проектот „Proceed Goes Practise“. Партнерите од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Северна Македонија, Романија и Србија се договорија за сите процедури и услови за 30-месечната имплементација на проектот. Цели на проектот се професионална ориентација на младите Роми, подготовка за работа на возрасни Роми и информирање и сензибилизација на работодавачите.
-Во рамки на посетата, имавме можност да посетиме училиште за продуктивно учење. Можност децата што не можат да завршат основно училиште да завршат овде и после да почнат стручно образование и обука да научат занает. Во текот на неделата, три пати учат занает во фирми со пола работно време, другите два дена учат практично преку експерименти, работилници, тематски интерактивни предавања и дискусии. Проектот е финансиран од програмата Ерасмус плус, координатор на проектот е германската организација JugendStil e.V, рече Фатма Бајрам Аземовска, од здружението “Сумнал“.

“Сумнал“ дел од проектот “Proceed Goes Practise“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





