Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Игор Неделковски, заедно со деканот на Правниот Факултет – Кичево, проф. д-р Горан Илиќ, како и проф. д-р Младен Караџоски и доц. д-р Благој Неновски, остварија средба со проф. д-р Кристоф Јасиецки и д-р Миколај Ракуса Сусцевски од Центарот за Европа при Варшавскиот Универзитет од Република Полска.
Двајцата професори во рамките на Erasmus+ програмата и проектот “Public Diplomacy 2022”, финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Полска, остварија посета на нашиот Универзитет, а одржаа и предавања и работилници со студентите од Правниот факултет со што се потврди долгогодишната соработка на Правниот факултет при УКЛО со Центарот за Европа при Варшавскиот Универзитет од Република Полска.

Ректорот на УКЛО оствари средба со професори од Полска од “Erasmus+“ програмата
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





