Oд септември во основните училишта шахот е на листата изборни предмети за прво и второ одделение, а деновиве во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола се одржа и предавање на кое беа посочени насоки и инструкции за шахот како изборен предмет за наставниците од основните училишта од Битола насловено “Шах во школи“.
Предавањето го одржа Сашко Павловски велемајстор, претседател на шаховски клуб “Стево Патако“ и претседател на Општинскиот сојуз на спортови во Битола.
-Шахот овозможува подобрување на концентрацијата, меморијата, математичките вештини, читањето, логичкиот начин на размислување, креативноста и критичкото размислување… Мене ме радува тоа што шахот е изборен предмет кај најмладите кои во иднина ќе бидат членови на шаховските клубови, активни шахисти, велемајстори… На предавањето се зборуваше за насоки и инструкции за изборен предмет шах за наставниците, а секако и за историјата на шахот, за светската федерација… Крајната цел со воведување на шахот како изборен предмет е децата преку шахот да се социјализираат и да ги подобрат интелигентните вештини, рече Павловски.

Во ОУ “Кирил и Методиј“ предавање за насоки и инструкции за шахот како изборен предмет
More from ВестиMore posts in Вести »
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола
- “Секој е шампион“ – секој заслужува можност да учествува, да се дружи, да победува и да биде прифатен
- СВР Битола: пријава за вознемирување по телефон и социјални мрежи, физички напад, приведување за нарушување на ред и мир
- Во Битола свечено отворена 9. меѓународна научна конференција “Towards a Better Future“
- „Barcelona“ ќе одекне во Филхармонија: Наде Талевска и Бојан Стојков ќе го изведат славниот дует на „Flowers Symphony 2“





