-Една идеја која во Битола започна да се реализира, а за која лично сметав дека ќе биде успешно реализирана, филмскиот град во старата касарна, се затвори додека беше уште не до изграден во октомври 2012 година, започна да го раскажува своите сеќавања за Битола пред 10 години, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Филмскиот град кој беше изграден, во старата касарна, кај топланата или под “авионите“ како битолчани го викаат оваа место, интензивно се градеше за снимањето на турската серија “За Балканот 1912“, за жал не се изгради целосно и не започна со целосно искористување на капацитетите наменети за таа цел.За снимањето на оваа турска серија во старата касарна се изгради една цела битолска чаршија каде беа снимени првите сцени од првите епизоди од серијата.Филмската екипа од Турција неочекувано за сите познавачи на филмските прилики го прекина снимањето и си замина од Битола, а според првите информации од одговорните требаше да снимаат 3 и повеќе години и многи епизоди. Причината за прекинот и замину вањето за Турција следуваше по премиерата на првите епизоди, неофицијално беше нискиот рејтинг кој го забележале првите епизоди.Во серијата “За Балканот 1912” играа многу познати глумци од Турција, а освен нив во серијата учествуваа и голем број актери од Македонија, како и голем број битолчани, во улога на статисти.
Деновиве пред 10 години: филмскиот град недоправен, по снимени неколку епизоди, прекина со работа (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: се одржа 35. по ред издание на филмскиот фестивал “Браќа Манаки” во Битола (фото)
- In memoriam: Петар Павловски
- .
- Пивски ден, пивска ноќ, во Битола на фестивалот “Бирарија“ за занаетчиско пиво (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: “Пегаз ЕДУ” Битола ги доделени првите сертификати за професионални пожарникари
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: кривични пријави за нова возачка дозвола, а старата му била одземена, за бесправно градење, малолетник каснат од куче скитник
- Започна продажбата на влезници за Лигата на Шампиони, прв гостин во Битола е Фуксе Берлин
- Што е корупција во нашата држава? Им пречи ли на младите или го следат трендот на „снаодливите“ во желбата за успех?
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 19 степени
- Дарија Крстевска од АК Олимп Битола доминира на Купот на Македонија за младинци