Press "Enter" to skip to content

Христо Василевски победник на “Отвореното првенство Кај Петчи и Панчо“ во Битола, но сите аплаузи за Владимир Георгиески (фотогалерија)

Додека билјард играчите со нетпрение ја очекуваат завршницата од македонското првенство во билјард во Битола се одржа “Отвореното првенство Кај Петчи и Панчо“ во билјард клубот во Битола, на кое што учествуваа 23 играчи, а поради големиот број на пријавени играчи првенството траеше два дена.-Како и секогаш турнирот во овој клуб кој што е од затворен тип, атмосферата беше опуштена без “дрес код“ и во пријатно расположение кај сите играчи од Битола, Прилеп и Тетово, односно од  градовите каде се игра и најповеќе, а и најквалитетен билјард.  Најдобар на турнирот беше Христо Василевски од Битола, победувајќи го Рами Укшини од Тетово. И пред турнирот Христо важеше за фаворит, а со освојувањето ја оправда таа улога и си ја круниса со уште една победа, добрата форма која ја покажуваше на тренинзите пред турнирот, вели Горан Думевски – Панчо, дел од организацијата и судија на турнирот.

На трето место се пласираа Тале Самарџиоски од Прилеп и Дритар Бајрами од Струга. Дритар и Рами инаку одлични играчи кои што поради работните обврски не можат професионални да се посветат на билјардот но секојпат учествуваат на турнирите во Битола и притоа негувајќи ги одличните пријателски односи со организаторот.Мора да се спомене и најпријатното изненадување на турнирот Владимир Георгиески од Прилеп, за што Думевски вели:

-Човекот спрема кој што судбината воопшто немаше милост и за голема жал мораше да му биде ампутирана ногата. Но тоа воопшто не го поколеба туку напротив, Владче играше од количка и успеа да оствари три победи и еден тесен пораз. Вистинско задоволство беше да се гледа со колку жар, со колкава желба играше и притоа на воодушевување на публиката изведуваше одлични удари. Човекот на кого му треба мотивација овојпат беше мотиватор како треба да го сакаме животот и се што правиме да го правиме од душа и со страст.Со надеж дека Владче со својата желба ќе ја отвори врата на овој спорт и за луѓето со посебни потреби, а со љубовта кон Билјардот ќе ги мотивира и сите играчи од Македонија да веруваат дека можат, ние можеме само да му речеме дека, покрај Христо Василевски, вистинскиот победник на овој турнир беше Владче.

More from ВестиMore posts in Вести »