Како резултат на соработката на општина Битола и компанијата “IWConnect“, денес беше пуштено во употреба реконструираното кошаркарско игралиште во “Брусничка населба“ во Нова Битола, кое е дел од проектот на компанијата за реконструкција на спортски комплекс во оваа населба.
Денешниот настан, го отвори градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој јавно се заблагодари за реконструираното игралиште, нагласувајќи дека, со ваков вид на проекти во иднина значително ќе се подобрат условите за спортски активности на младите во општината.
Александар Мемца, партнер во “⋮IWConnect“ изрази благодарност до општина Битола за дадената можност за инвестиција, како и благодарност до сите оние кои помогнаа овој проект да се реализира. Тој нагласи, дека во тек е и втората фаза од проектот, која опфаќа реконструкција и на детското игралиште непосредно до кошаркарското.

Пуштено во употреба реконструираното кошаркарско игралиште во “Брусничка населба“
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: пронајдено починато лице – телото дадено на обдукција, нарушен јавен ред и мир
- Во Битола се одржа роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија
- Денес 17. седница на Советот на Општина Битола, на дневер ред 38 точки
- Во Битола променливо облачно, температурата до 14 степени
- Уште 1.700 рачни бомби и тромблонски мини пронадени и отстранети на Тумбекафе во Битола





