За денес е закажана 17. по ред седница на Советот на Општина Битола на која советниците ќе расправаат и ќе донесар одлики по 38 точки од дневниот ред.
На седницата која ќе ја води престедателот на Советот, Бојан Бојковски, ќе се распарава за Буџетот на Општина Битола, за развојните планови, за програмата за јавно осветлување, за економски развој, за култура…
Целосниот дневер ред е:
1. Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Битола за 2026 година.
2. Програма за измени на Програма за развојни планови на Општина Битола за периодот од 2026 до 2028 година.
3. Програма за измени и дополнување на Програма за користење и одржување на јавното осветлување на подрачјето на Општина Битола за 2026 година.
4. Програма за организирање и функционирање на зимска служба на подрачјето на Општина Битола за сезоната 2026/2028 година.
5. Програма за измени и дополнување на Програмата за економски развојна Општина Битола за 2026 година.
6. Програма за измени на Програмата за туризам на Општина Битола за 2026 година.
7. Програма за измени и дополнување на Програма за култура за 2026 година.
8. Програма за измени и дополнување на Програма за образование за 2026 година.
9. Програма за измени на Програма за активности во областа на спортот и младите во Општина Битола за 2026 година.
10. Програма за измени на Програма за социјална заштита за 2026 година.
11. Одлука за престанок на потребата од заштитен појас на 35 КВ далноводво опфатот на ДУП за населба Горно Оризари 2 дел Модул 1 – Битола.
12. Одлука за одобрување на времена позајмица на финансиски средства одБуџетот на Општина Битола на наменската сметка на проектот„WATERVILL”.
13. Одлука за примање на движни ствари од Министерство за социјална политика, демографија и млади на РСМ на ЈОУДГ „Мајски Цвет“Битола и ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара “Битола од правното лице КИКО-ЛЕНДТРЕЈД ДООЕЛ Скопје.
14. Одлука за примање на движни ствари од Министерство за социјална политика, демографија и млади на РСМ на ЈОУДГ „Мајски Цвет“Битолаи ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“Битола од компанијата ДАВКАЗА.
15. Одлука за примање донација за проектна документација за ООУ „ДамеГруев“ Битола.
16. Одлуказа примање на донација за проектна документација и изведба на пристапна улица до земјоделски површини во с.Трн, КП бр.240 за КОТрн, Битола.
17. Одлука за донесување на Техничка исправка на Детален урбанистички план за „С.З 6 и 7“, Урбан Модул 2, Општина Битола.
18. Одлука за утврдување на потреба за донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши усогласување на намената и вклопување на бесправните објекти во идна урбанистичко планска документација (КП бр.804/1 КО Олевени).
19. Програма за измена и дополнување на Финансовата Програма з аодржување на јавни зелени површини на територијата на Општина Битола за 2026 година на ЈП „Комуналец“ Битола Бр.01-593/1 од15.12.2025 година.
20. Годишна Програма за работа за 2027 година на ОЈУ Отворен граѓански Универзитет за доживотно учење „Крсте Мисирков”Битола.
21. Годишен Извештај за работата на ЈОУДГ Мајски Цвет Битола за 2025/2026 година.
22. Годишна Програма за работа на ЈОУДГ Мајски Цвет Битола за 2026/2027 година.
23. Годишен извештај за работата на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара” Битола за 2025/2026 година.
24. Програма за работа на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара” Битола за2026/2027 година.
25. Годишен план за вработување во ЈОУДГ Мајски Цвет Битола за 2027 година.
26. Годишен план за вработување во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара”Битола за 2027 година.
27. Решение за давање согласност на Одлуката за измени и дополнување на Ценовникот за собирање и транспортирање на интерен отпад (градежен шут) за потребите на КЈП „Нискоградба” Битола.
28. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на почетокот изавршетокот на работното време во ЈОУДГ Мајски Цвет Битола.
29. Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на почетокот и завршетокот на работното време во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара”Битола.
30. Решение за давање согласност на Одлуката за добивање на Согласност за работа на воспитните групи со поголем број на деца, односно со помал број на деца во детските градинки кои работат во состав на ЈОУДГ Мајски Цвет Битола.
31. Решение за давање согласност на Одлуката за добивање на Согласност за работа на воспитните групи со поголем број на деца, односно со помал број на деца во детските градинки кои работат во состав на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара” Битола.
32. Решение за давање согласност на Одлуката со која се одобрува ништење ситен инвентар и опрема што се наоѓаат во пописните листи на ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ Битола, од 2024 и 2025 година.
33. Решение за разрешување и именување на член на Партиципативното тело за урбанистичко планирање на Општина Битола.
34. Решение за разрешување и именувањечленови во Управниот одбор на Културно Информативен Центар – Битола.
35. Решение за разрешување и именување на членови во Управниот одбор во Јавната општинска установа Зоолошка градина Битола.
36. Решение за разрешување и именување на членови во Надзорниот одбор во Јавната општинска установа Зоолошка градина Битола.
37. Решение за разрешување и именување претставник од редот на родителитево Управен одбор на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ Битола.
38. Решение за разрешување и именување претставник од Општина Битола во Одборот за соработка и доверба со јавноста во Високата медицинска школаБитола, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“Битола.






