Press "Enter" to skip to content

Петта по ред победа на Пелистер, Чаир убедливо победен во Битола (фотогалерија)

Пелистер – Чаир 91:70

Вечерва во Битола во спортската сала “Боро Чурлевски“, во рамките на 6. коло. кошаркарите на Пелистер ја забележаа петтата победа по ред во домашното првенство. “Пелистерци“ убедливо го надиграа Чаир 2030 и победија со 91:70, во натпревар во кој илјадатина љубители на кошаерката видоа убави потези, забивања, за на крај да ги поздрават со овации за избраниците на Марјан Илиевски.Натпреварот на првата чествртина започна со грешки на двете екипи и со лош процент за три поени кај Пелистер, и минимална предност на домашната екипа на стартот. Потоа “чаирчани“ изрманија на 17.17, а на крај на првиот квартал да биде 23:23. Втората четвртина започна со мала предност на Пелистер, а по 5 минути игра беше, повторно нерешено, 28:28.  На две минути до одморот беше 28:28, а во последната минута од втората четвртина и примија пет поени за четири секунди за 38:33 со звукот на сирената.

Во почетокот на третата четвртина беше донесена одлуката околу победникот, кога Пелистер направи серија 17:1, со кошевите на Хаџифејзовиќ, Стајиќ и Караџовски. Во последната четвртинас е влезе до +20 за Пелистер (70:50).Последниот период беше само формалност, Илеивски им даде шанса на сите кошаркари, па битолчани славеа со 91:70.Најефикасен кај Пелистер беше Хаџифејзовиќ со 24 поени, Караџовски со 15 и Сапунџиев и Карутерс со по 11 поени.