Press "Enter" to skip to content

Победа на Еурофарм Пелистер 2 и чекор поблиску до плеј-офот

Скопје – Еурофарм Пелистер 2 23:28 (12:14)

Спортска сала “Форца“ – Скопје, гледачи: 200
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски

Скопје: Стојкоски, Мишевски 1, Чакалиќ 3, Тркалевски, Јакимовски 7, Радовановиќ, Митиќ 2, Христов, Пешкирски 1, Грујовски 2, Димчевски, Стојановски, Киселовски 3, Блажаевски, Трајковски, Барјактаревиќ 4.

Еурофарм Пелистер 2: Печурица, Јовановски, Бошњак, Ристевски, Кукуловски 7, Митревски, Јовановски, Димовски, Талевски 3, Петровиќ 4, Пет. Атанасијевиќ 6, Ивановски 4, Буторац 1, Белистојановски 3, Блажевски, Арсеновски

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 на гостувањето во Скопје ја забележа вторората победа по ред во рамките од 12. коло од групата “Б“ над Скопје победувајќи со 23:28, полувреме 12:14. Со оваа победа младите “пелистерци“се на четвртата позиција која што води во плеј-оф.

Еурофарм Пелистер 2 ја имаше и ја оправда улогата на фаворит, но до посакуваните бодови стигна потешко од очекуваното. Скопје уште на стартот на натпреварот имаше водството кое го одржуваше, но квалитетот на “пелистерци“ дојде до израз и на одмор заминаа со +2 (12:14). 

Во вториот дел ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 направија поголема разлика, но Скопје се врати на само два негатива. До крајот “пелистерци“ ја одржуваа предноста и дојдоа до заслужена победа.

Кај “пелистерци“ најефиксени беа  Кукуловски со седум и Петар Атанасијевиќ со шест гола.