Во СВР-Битола било пријавено дека во објект на МЕПСО лоциран во село Новаци, била извршена тешка кражба при што бил одземена поголема количина кабел. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР-Битола. Се работи на расчистување на случајот.
Вчера во времето од 11 до 17 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 124 возачи. Од нив 97 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 27 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.