Press "Enter" to skip to content

Ларц Валтер: мора да дадеме се што имаме и да го добиеме Мотор Запорожје

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес во Дизелдорф играат против првакот на Украина, Мотор Запорожје во рамките на 4. коло од групата “Д“ на Европската лига на ЕХФ. На тренерот Ларс Валтер на располагање му е и тунискиот интернационалец Хосни по еден месец по повредата и ќе биде во комбинација за настап против Мотор денес во 18:45 часот.

Пред дуелот со првакот на Украина, Мотор Запорожје, тренерот Ларц Валтер го “составува“ тимот  со медицинскиот тим и вели:

-Изгледа како да нема крај на проблемите, но имаме уште неколку недели до крајот на полусезоната. Тие сме што сме, ќе се бориме до крај и ќе сториме сè што е во наша моќ да освоиме два бода против Мотор. Мотор има добри ракометари. Анѓелиќ игра во средината и искусен  голман како Кoмок на голот. Од тоа што го видов, играат убав ракомет. Одиграа добар натпревар против Архус, Бидасоа Ирун имаше проблеми со нив, па нема да биде лесно. Мора да дадеме се што имаме и да го добиеме тој натпревар.  Два брзи тима ќе се соочат, мислам дека ќе биде интересен натпревар. Ни треба нашата добра одбрана, последниот натпревар малку поспоро се враќавме, па цел на натпреварот против Јуниор беше да се подобриме. Знам дека не е исто како против Фуксе Берлин, но мора да ги искористиме овие натпревари да се подготвиме за тешките дуели.

“Пелистерци“ отпатуваа со шеснаесет ракометари, а во Битола останаа Никола Стоилевски, Руди Сери и Мартин Велковски.

More from ВестиMore posts in Вести »