Press "Enter" to skip to content

“Чкембари“ прогласија “општа мобилизација за доминација“ – “Комити“ најавија доаѓање во Битола, под Тумбекафе

Иако двете екипи играат во Втората лига, сепак, во Битола, средбата Пелистер – Вардар која е закажана за сабота во 13 часот, на стадиот “Петар Милошевски“, под Тумбекафе, ќе биде најголемото фудбалско македонско дерби, а двете екипи оваа сезона се борат за враќање во Првата лига, која мора да признаеме дека без овие екипи не е комплетна.

На овој натпревар, покрај “битката“ на терен, се најавува и “навивачка битка“ на трибините, посебно по најавата дека “Комите“ ќе патуваат за Битола, откако се пофалија дека добила дозвола.“Чкембарите“ најавуваат навивачки спектакл во Битола, а на својата официјална ФБ страна напишаа:

-Битола како и секогаш е подготвена за да издоминира во секој поглед. Повик до сите оние кои некогаш биле дел од нашиот коп, да бидат со нас на оваа битна утакмица и да учествуваат во доминацијата. Ова не е само обична утакмица, ова е утакмица каде што се бранат честа и гордоста на градот, клубот и групата, и каде се покажува нашиот оправдан гнев и револт. Мобилизирајте ги вашите маала, населби, подгрупи и екипи. Да застаниме братски еден до еден НА НАШАТА МАТИЧНА ТРИБИНА и сите да згрмиме за нашиот сакан клуб. ЧКЕМБАРИ на Бутки во 11:30ч, на стадион најдоцна до 12:30 ч.

Овој натпревар ќе биде првото сезонско дерби и се игра во рамките на 14. коло на ВМФЛ, а Општина Битола ќе ја промовира новата трибина.

Фото: Дамјана

More from ВестиMore posts in Вести »