Press "Enter" to skip to content

Антонио Каранфиловски и Теодора Марковска од Македонија победници на трката од 42 километри на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ (фотогалерија)

-Тимот на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ од Битола односно здружението  за потикнување и промоција на спортот, спортскиот туризам и здравиот начин на живот “PELXTR – Pelister Xtreme Trail Running“ од Битола, кое е член на “ITRA“ денес ја организира 5. по ред трка на која се трчаше на 42, 21 и 9 километри.

-Трката на 9 километри за битолските тркачи и спортски тимови, рекративци и сите кои сакаат да поминат еден прекрасен ден на планина.

-Патеките и овој пар одлично подготвени, а организацијата беспрекорна.Победници на ултра маратонската трка “Ветерница Маратон“  на 54 километри, која стартуваше утрово во ски центарот “Нижеполе“ над Битола, во рамките на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ во организација на истоименото здружение од Битола, се Антони Каранфиловски со време 4:38:13 часа и Теодора Марковска со време 6:47:16 часа.Второпласиран во машка конкуренција е Љубен Кочев од Македонија, а на трето место е Паул рандион од Франција. Во женска конкуренција второ пласирана е Јована Софрониевска, а на трето место Колете Рот – двете од Македонија.Победник во машка конкуренција во трката “Неолица полумаратон“ на 21 километар е Мартин Нилсон од Шведска со време 1:39:57 часа. Второ пласиран е Димитар Кочовски, а на трето место е Камил Сиеплу од Полска. Во женска конкуренција победничка е Елена Каранфиловска со време 2:18:58 часа, второпласирана е Александра Танасоска, а на трето место Олга Ристевска, сите од Македонија.Во најмасовната трка која учествуваа повеќе од 100 тркачи “Бабин заб“ во должина од 9 километри победник во машка конкуренција е Стефан Ѓорѓевиќ со време од 49:45 минути. Второ пласиран беше Николче Пановски, а на трето место Димитар Колоски. Во женка конкуреција победничка е Милема Чкипеска со време 58:09 минути. Второ пласирана е Александра Оровчанец, а на трето место е пласирана Тијана Спировска.Настанот на “Нижеполе“ и прогласувањето на победниците помина во одлична организација во секој поглед, а беше организиран како и на сите големи ултра маратони во светот, а присутние имаа причика да се дружат и забавуваат со водителот Марко и ди-џеј.-Ова е петто издание на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ кое се одржува на падините на Баба Планина, а повторно наша спортска база е ски центарот “Нижеполе“ со кој стопанисува “Стрежво“. Оваа година имавме 260 тркачи кои одлично, по убаво време ја исрчаа патеката, а победија најдобрите на кои им честитаме, вели Ненад Лазиќ кој напомена дека посебно е среќен што сите натпреварувачи ги истрчале патеките без повреди.

На вториот ден на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ е закажана детска “Trailko“ трка на живописната стаза на падините на Баба планина, Ниже поле, кај Битола, каде ќе трчаат деца распоредени во категории според возраст и пол кои на крај ќе  добијат медали и подароци.Според организаторите утре на “Trailko“ ќе трчаат повеќе од 150 дечиња. 

Ж. Ристевска

Фото: С. Ристевски

[ngg src=”galleries” ids=”2904″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ images_per_page=”66″]

More from ВестиMore posts in Вести »