Press "Enter" to skip to content

Во “Плинмонт” монтажа на автогасните системи од марките: “Landi, “Landirenco” и “Lovato”,

Возачите на автомобили и лицата кои се возат со нив, знаат колку е нервозно да се биде во автомобил кој нема исправен клима уред. Токму затоа за да излезе во престер на сите битолчани, специјализираниот сервис за одржување и поправка на авто клими, “Плинмонт“, набави нови машини, за што велат:

-За да им излеземе во престер на нашите муштерии од Битола и од околните градови, и да не се задржуваат по горештините во сервисот подолго работиме со пет машини за полнење на фреон за сите видови на автомобили и товарни возила, со кои работаат обучени и квалификувани мајстори. 

За оние клима уреди кои имаат поголем дефект, од “Плин монт“, велат дека ги поправаат за најбрзо време, бидејќи ги имаат на лагер сите резервни делови.

Од “Плин монт“ истакнуваат и дека не прекинуваат со монтирање и поправка на автогасните системи од марките: “Landi, “Landirenco” и “Lovato”, кои важат за едни од најдобрите светски автогасни системи, а како се снаоѓаат сега, кога конечно температурите почнаа да се зголемуваат и во возилата се користи клима, од таму велат:

-Како што рековме испитувањето и полнењето на клима системите го правиме веднаш и трае десетина минути, а поголемите поправки се трудиме да ги закажеме за да нема непотребно чекање во сервисот, го дијагностицираме дефектот и закажуваме за најбрзо време.