Press "Enter" to skip to content

Хуманитарен “STAND UP COMEDY SHOW“ со Атанас и Тино во организација на Ротаракт клубот Битола (фотогалерија)

Синоќа во“Голд Фелиција“ во Битола, по повод денот на сидата, 1 декември, “Ротаракт“ Клуб Битола организира “STAND UP COMEDY SHOW“ со Атанас и Тино.Водителот на настанот беше младиот битолски актер Кристијан Танчевски, кои ги најави обраќањета на претседателот на клубот Константин Џиланов и претставник доктор од одделението за биохемиски испитувања, Светлана Поповска Кљусева, спец. епидемиолог.Претседателот на Константин Џиланов ги поздрави присутите, иницијативата и организацијата на овој настан кој ќе биде дел од активностите кои ќе ја подигнат свеста, посебно на младите за оваа болест. Светлана Поповска Кљусева, спец. епидемиолог, како рече на настанот, зборуваше за ова болест од еден друг агол, а ги повика младите да направат испитување кои во Центарот за јавно здравје се бесплатни и анонимни.Присутните во “Голд Фелиција“ ги забавуваат со својот настап шоумените Тино и Атанас, а за забавата задолжени беа “The Groove“.Настанот имаше хуманитарен карактер и сите собрани средства од влезници и донации ќе бидат донирани за набавка на опрема потребна во Центар за Јавно Здравје – одделение за биохемиски испитувања (ХИВ СИДА).

More from ВестиMore posts in Вести »