Ако денешниот второлигашки натпревар во Битола ќе остане во фудбалската антологија како вечно македонско дерби кое се играше во Втората лига и заврши нерешено, денешниот ден ќе остане запишан во фудбалската историја на Битола, како ден кога беше отворена за гледачи, новата трибина на стадионот под Тумбекафе.На денешниот натпревар на новата трибина имаше 2.500 гледачи, кои заедно со 1.000 “Чкембари“ направија одлична фудбалска атмосфера, но за жал без целосна радост, бидејќи иако “пелистерци“ имаа 2:0, натпреварот заврши реми, 2:2.
Новата северна трибина на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола е изградена со општински пари, околу 7 милиони евра, е организирана е во 19 – 21 ред со 4.618 места за посетители, 146 места за почесни гости, кабини за новинари (12), кабини за коментатори (2) со 8 места, во согласност со пропозициите на УЕФА.
Просторот под трибина е распределен на три нивоа, додека четвртото ниво е над самите трибини, односно претставува дел од трибинскиот простор, бидејќи се наоѓа во негово продолжение.
Денес поддршка на Пелистер од новата северна трибина, заедно со големите фудбалски имиња даде и градоначалникот Тони Коњановски со неговиот тим, а тука беа и советниците, директорите на јавните претријатија, дел од опозицијата, пратеници… Тука беа кошаркарите на Пелистер, ракометарите на Еурофарм Пелистер, а сите со желби тука да гледаат натпревари за титули, тука да ја гледаат македонската репрезентација, меѓународни натпревари…

2.500 битолчани уживаа во дербито на мак-фудбалот, на новата трибина, отворена денес по сите УЕФА стандарди (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Концерт на воениот оркестар на АРМ и воениот оркестар од Вермонт, САД (фотогалерија)
- СВР Битола: претреси и апсења за марихуана и оружје и муниција
- Доделени наградите на фестивалот на монодрама, Гран при за шпанската монодрама „Лирско вилинско коњче“ со актерката Зелија Ланаспа (фотогалерија)
- Во Битола облачно, температурата до 27 степени
- Фото на денот: “Дулието“ во Битола, 7 часот, 14 степени
More from СпортMore posts in Спорт »
- “Трчај бе“ и атлетска федерација на Македонија донираа спортски реквизити пред “Мини трчај бе“
- Еурофарм Пелистер со победа над Бутел ја затвори сезоната пред публиката во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер 2 првак, Битола повторно ќе има два супер лигаши (фотогалерија)
- Пелистер Волеј на дводневна турнеја во Врање, Србија
- Пионерите на Еурофарм Пелистер 2 поразени од Охрид во финалето (фотогалерија)