Press "Enter" to skip to content

Пелистер Волеј на дводневна турнеја во Врање, Србија

Одбојкарките на Пелистер Волеј од Битола ја продолжија неколку  годишната традиција да играат пријателски натпревари со екипата на  СД Врање 1093 од Србија, а во текот на двата дена пресстој во врање одиграа два натпревари, а настапија насилните состави на сениорските тимови.

-Со ова гостување ја продолживме одличната соработката на двата пријателски клуба со два супер интересни меѓусебни натпревари, кои ги одиграа нашите две екипи вчера и денес. Одигравме два супер возбудливи натпревари кои понудија по пет сета, а резултатот беше во втор план. Сепак прикажаната игра покажа дека двете екипи навистина уживаат кога играат меѓу себе со многубројни прекрасно одиграни поени, но рече тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски и додаде:-Како и секогаш ова се одлични моменти за јакнење на врската меѓу двата клуба, како и за споделување на нови искуства кога е во прашање спортот, но и нови искуства за раководењето и менаџирањето на двата клуба. Чувството е прекрасно кога се осеќате како дома, па затоа сакаме да искажиме огромна благодарност за гостопримството, пред се на претседателот на нивниот клуб, господинот Оливер Тинчич но и на сите останати прекрасни луѓе кои се погрижија за убавиот престој на нашата екипа во Врање.

Соработката продолжува и понатаму, а Пелистер Волеј ќе биде домаќин на ваквото сружење  Битола. 

More from СпортMore posts in Спорт »