Вработените на АД ЕСМ во сите капацитети низ државата одржаа работна акција во рамките на која се засадуваа дрвја и се собираше стара хартија. АД ЕСМ како општествено одговорна компанија вложува напори да помогне во различни сфери на живеењето дури и во услови на енергетска криза.
Во рамките на акцијата, вработените во РЕК Битола и РЕК Осломеј спроведоа и акција за пошумување, чија цел е проширување на зелениот појас околу комбинатите за спречување на ширење на емисии на прашина кон населените места, како и со цел почист воздух за сите. Целта на засадувањето е и рекултивација на земјиштето на кое е веќе завршено ископувањето на јаглен и негово враќање во првобитна состојба.

АД ЕСМ: акција за пошумување во РЕК “Битола“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат
- АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити
- Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина
- СВР Битола: пронајдено починато лице – телото дадено на обдукција, нарушен јавен ред и мир
- Во Битола се одржа роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија





