Press "Enter" to skip to content

Општина Битола: јавен повик за “Зимска приказна 2023“

Општина Битола објави јавен повик за учество во  организацијата  на културни активности во пресрет на новогодишните празници и збогатување на понудата на јавни содржини во општина Битола по повод дочекот на Новата 2023 година – Зимска приказна 2023.

1. Целта на овој јавен повик е избор на субјекти кои ќе учествуваат во организацијата  на културни активности во пресрет на новогодишните празници и  збогатување на понудата на јавни содржини  во општина Битола  по повод дочекот на Новата 2023 година.

2. Право да се пријават на јавниот повик имаат сите домашни правни и физички лица кои работат во областа на културата,со достава на понуда електронски на мејл адресатаculture@bitola.gov.mk.

3. Селекцијата на настаните ќе ја изврши стручна Комисија  која го задржува  правото да направи распоред на настаните.

4. Настаните ќе се реализираат во периодот од 24.12.2022 до 31.12.2022 година.

5. Подетални информации можат да се добијат на телефонскиот број 047-208-347.

6. Крајниот рок за доставување на пријавите за интерес е 09.12.2022.

Јавниот повик е достапен на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2022/12/Јавен-повик-ЗИМСКА-ПРИКАЗНА-2023.pdf.

 

More from ВестиMore posts in Вести »