Press "Enter" to skip to content

Црвен крст Битола го одбележа денот на волонтерите – “волонтирањето како водич за поубав свет“ (фотогалерија)

Во организација на општинската организација на Црвениот крст од Битола, синоќа во Офицерскиот дом во Битола, се одржа свечен настан под мотото “Волонтирањето како водич за создавање на поубав свет“ како дел од одбележувањето на денот на волонтерите 5. декември.Претседателката на Општинската организација на Црвениот крст од Битола, Лилјана Ристевска која и го отвори настанот ги поздрави сите подржувачи на волонтерите.-Можам да кажам дека светот е прекрасно место. Место во кое луѓето имаа пристап до ресурси и место каде можат да живеат мирно, кои повеќе, кои помалку. Нашиот свет е исполнет со неверојани луѓе кои имаат различни животи, зборуваат различни јазици, имаат различни традиции. Но, моралните и етичките вредности во нив остануваат исти за сите. Јазикот на хуманоста останува ист. Иако имаме и предизвици знаеме како да пребродиме со мала помош, што за некого тоа значи живот. Кога човек отстапува само една минута од 24 часа, кога не накому му е потребна помош, тоа значи многу. Затоа овој ден, 5 декмеври треба да се памети по непрокосновената работа на волонтерот. Да го прославиме за секоја капка пот која била дарувана, за секој спасен живот за сите завои и триголни марами кои биле користени, беше речено на денот на волонтерите.На настанот, присуствуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, на кој му беше доделена плакета за посебен присонес во поддршката на ОО Црвен крст – Битола, кој пред присутнните рече:-Сакам да искажам искрена благодарност за доделената плакета, a посебно да се заблагодарам за Вашата континуирана активност, почитувани волонтери, со која постојано давате несебичен влог во реализацијата на голем број волонтерски активности. Како градоначалник на општина Битола, но пред се како човек кој посебно ја вреднува хуманоста, што произлегува и од мојата професија, искрено верувам дека, Вашата енергија и желба за придонес во заедницата, од година во година, ќе се надградуваат, а нашата соработка постојано ќе се зајакнува, со што заеднички ќе можеме да дадеме уште поголем придонес, кон создавањето на поубава општина. Токму и како што е насловен денешниот настан „Волонтирањето како водич за создавање поубав свет“, сите ние сме само еден мал дел од тој свет, а секој поединечен придонес е чекор кон вистинската убавина на светот во кој посакуваме да живееме. Ви честитам на одговорноста, успешноста и посветеноста.На настанот, беа доделени плакети и благодарници за поддржувачите и соработницитедо ресурси и  на Црвениот крст, како и на волонтерите, кои претставуваат носител на активностите на Општинската Организација на Црвен крст Битола, а дел од настанот беше и изложбата на Ангела Цветковска и Методи Петровски.

Фото: Д.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »