Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кривични за дулери, за предизвикување општа опасност и разбојништво

На 06.12.2022 на ул. „Новачки пат“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола ги лишиле од слобода се 28 годишник од село Мусинци, и две лица на возраст од 36 и 22 години од  сло Долно Оризари затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, дробилка, 12 куршуми за гасен пиштол. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 60 годишно лице од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност”. На 21.10.2022, пријавениот не го врзал кучето – домашен миленик, кое излегло од неоградениот двор и каснало малолетник, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.  

СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против лиеце од Прилеп и уште едно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво”. На 08.10.2020, пријавените влегле во домот на лице  од Битола, по што со употреба на сила од него одзеле златен накит. Притоа, во еден момент во самоодбрана,  оштетениот со остар предмет нанел повреда на еден од напаѓачите. 

More from ВестиMore posts in Вести »