Денес во холот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола се организира настан по повод патрониот празник на библиотеката. На настанот се обрати директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола кој на присутните гости им го честита патрониот празникот.
Настанот беше пропратен со изведби на учениците од Државното музичко училиште и со говорот “На Климент“ во изведба на проф. Николина Поповска.
Библиотекарот Маријан Колевски го промовираше 55. број на библиотечното списание „Библиотечен тренд“, а библиотекарот м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски го промовираше Зборникот на 17. Роднокрајна средба на битолските писатели.
На овој настан директорот да им ги врачи благодарниците на учесниците и фотографот кои помогнаа во реализација на проектот „Другото лице на книгата“.
Беа доделени и Ваучери за едногодишна бесплатна членарина на студентите од Факултетот за Информатичка и комуникациска технологија кои беа присутни на настанот заедно со претседателката на студентите Софи Гајтанова.

Библиотеката “Св. Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Реализирана вежба за евакуација и противпожарна заштита на стадионот во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер во Битола му даде 45 гола на Ловќен во Регионалната лига (фотогалерија)
- Одржана трета форумска сесија во Општина Новаци
- In memoriam: Никола Богоевски – една од легендите на ФК Пелистер
- Се роди 500-тото бебе годинава во болница “Плодност“, јубилејното





