Секторот за внатрешни работи Битола го одбележа Денот на превенцијата со низа превентивни активности од повеќе области. Притоа во контакти со граѓаните и при едукативните средби во предучилишни и училишни установи беа поделени едукативни печатени материјали изработени при континуираната полициска соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и општинските организации на РСБСП.
9. декември секоја година се одбележува во сите полициски организациони единици на СВР Битола, од 2008 година, кога за првпат беа промовирани првите полициски инспектори за превенција како нов професионален и организационен сегмент при МВР.

СВР Битола со низа активности по повод Денот на превенцијата
More from ВестиMore posts in Вести »
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат
- АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити
- Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина
- СВР Битола: пронајдено починато лице – телото дадено на обдукција, нарушен јавен ред и мир
- Во Битола се одржа роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија





