Од 2008 година Битола, по предлог на Владиката Петар, од кога Св. Нектариј Битолски сите граѓани на Битола духовно се заедно, го одбележува денот на својот светец и заштитник Св. Нектариј Битолски со одржување на манифестации, а редовно се одржува свечена програма спроти денот, а на денот има свечена божествена литургија и литијата низ градот Битола, започна со своите сеќавање Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Во 2012 година настан кој го одбележа празнувањето, како и секоја година беше литијата низ Битола на која учествуваа Владиката Петар, тогашниот градоначални – Владимир Талески, советниците, сите свештенослужители и многу граѓани, со носење на светите мошти, знамиња и икони.
Тогаш во 2012 година во чест на светецот и заштитникот на градот Св. Нектариј Битолски локалната самоуправа заедно со Преспанско Пелагониската епархија, најавија и изградба на црква во негова чест, која ќе биде изградена во самиот центар на Битола, до Градскиот часовник.
Тогаш премиерно беше прикажан документарниот филм “Битола за својот заштитник – отец Нектариј Битолски”, за кој сценариото го напиша отец Никола Грамбозов.
Инаку, Заштитникот на градот, “Св. Нектариј Битолски “живеел во времето кога Турците го поробиленградот. Роден е 1430 година. По налетот на турските војски неговото семејство го напуштило градот. Неговиот татко заминал со своите две деца во манастирот „Кузман и Дамјан” , а младиот Нектариј често бил сведок за чудата на светците. Подоцна тој се замонашил на Света Гора, а во своите молитви непрестајно се молел за здравјето и среќата на граѓаните на Битола. Во Св. Нектариј е виден Господ Бог, зашто неговото тело по неговата смрт останало нераспаднато, односно неговите мошти затоа што во него живеел светиот дух кој неговото тело, кое денес се наоѓа во монашкиот град Кареја.

Деновиве пред 10 години: Битола го одбележа својот светец Св. Нектариј Битолски (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Битолчани, љубители на мото-крос не мируваат во зима, 135 километри најголем дел по снег на неколку врвови околу Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во јануар 2013 до темел изгоре планинарскиот дом “Копанки“ (фотогалерија)
- Фото вест: Светиот крст во соблекувалната на кошаркарите на Пелистер
- Александар Талевски го извади Светиот крст од осветените води на крстилницата во “Св. Недела“ во Битола (фото+видео)
- Деновиве пред 10 години: Никола Свенчев по трет пат го “фати“ крстот, лани во 2022 му беше четврти пат (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Нова кампања на СВР Битола – “Безбеден град, безбедна заедница“
- Расчистени пет тешки кражби во Битола, пронајдените украдени предмети вратени на сопствениците
- Прв контролен натпревар и победа на Пелистер во Струга
- Втора победа на Пелистер на “балонот“ во Бања Лука, победена Сутјеска
- СВР Битола: приведени две лица и малолетник за поседување марихуана, нападната жена