Од 2008 година Битола, по предлог на Владиката Петар, од кога Св. Нектариј Битолски сите граѓани на Битола духовно се заедно, го одбележува денот на својот светец и заштитник Св. Нектариј Битолски со одржување на манифестации, а редовно се одржува свечена програма спроти денот, а на денот има свечена божествена литургија и литијата низ градот Битола, започна со своите сеќавање Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Во 2012 година настан кој го одбележа празнувањето, како и секоја година беше литијата низ Битола на која учествуваа Владиката Петар, тогашниот градоначални – Владимир Талески, советниците, сите свештенослужители и многу граѓани, со носење на светите мошти, знамиња и икони.
Тогаш во 2012 година во чест на светецот и заштитникот на градот Св. Нектариј Битолски локалната самоуправа заедно со Преспанско Пелагониската епархија, најавија и изградба на црква во негова чест, која ќе биде изградена во самиот центар на Битола, до Градскиот часовник.
Тогаш премиерно беше прикажан документарниот филм “Битола за својот заштитник – отец Нектариј Битолски”, за кој сценариото го напиша отец Никола Грамбозов.
Инаку, Заштитникот на градот, “Св. Нектариј Битолски “живеел во времето кога Турците го поробиленградот. Роден е 1430 година. По налетот на турските војски неговото семејство го напуштило градот. Неговиот татко заминал со своите две деца во манастирот „Кузман и Дамјан” , а младиот Нектариј често бил сведок за чудата на светците. Подоцна тој се замонашил на Света Гора, а во своите молитви непрестајно се молел за здравјето и среќата на граѓаните на Битола. Во Св. Нектариј е виден Господ Бог, зашто неговото тело по неговата смрт останало нераспаднато, односно неговите мошти затоа што во него живеел светиот дух кој неговото тело, кое денес се наоѓа во монашкиот град Кареја.

Деновиве пред 10 години: Битола го одбележа својот светец Св. Нектариј Битолски (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)
- ЈКП “Нискоградба“ Битола со известување за дефект
- ЈКП “Водовод“ започна изградба на нова водоводна мрежа на улица 170-та во Битола
- 25 години од заседата кај Вејце каде загинаа четворица битолчани
- Во Битола сончево со мала облачност, температурата до 23 степени










