Press "Enter" to skip to content

Заврши Првата боксерска лига, боксерите на Пелистер од Битола второпласирани

Боксерите на Пелистер од Битола се второпласирани во Првата боксерска лига која заврши со последното коло во сениорска и младинска категорија во Скопје, а го организираше Боксерската федерација на Македонија, кога и беа прогласени на најдобрите екипи. Шампион на Македонија во бокс е екипата на Универзалци од Скопје. 

Во оваа сезона за Пелистер боксоваа: Александар Најдовски, Рамон Казимов, Антонио Чоновски, Ален Рустемовски, Ружди Рустемовски и Адријан Рустемовски.Од боксерскиот клуб велат дека се задоволни од пласманот во екипна конкуренција, но и од настапите во поединечна конкуренција.

-Задоволни сме од пласманот во екипна конкуренција со оглед на тоа во какви услови тренираме и работиме и поради тоа што имавме и смена на генерации. Кај нас во Пелистер ја имаме иднината на македонскиот бокс, кои можат да бидат гаранција дека после четири години, во наредната сезона ќе ја вратиме титулата во Битола. Пелистер има четворица репрезентативци на Македонија, а со ние е искусниот Александар Најдовски. Мора да продолжат да работат и да напредуваат во боксерските вештини, а ние се надеваме дека ќе им обезбедиме подобри услови, истакнуваат од БК Пелистер од Битола.Инаку, во Првата боксерска лига на Македонија беа пријавени 18 клубови, кои не се натпреваруваа во секое коло.

More from ВестиMore posts in Вести »