Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер со победа во Битола над Пролет го заврши есенскиот дел (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Пролет 37:25 (17:18)

Екипата на Еурофарм Пелистер дома, во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола до победата над екипата на Пролет со 37:25, полувреме (17:18) го затвори есенскиот дел , со освојување на првото место во групата и продолжување во плеј-офот. Во тимот ги немаше повредените Дејвис, Кукоски, Суси, Сери и Велковски. Првиот дел помина во израмнета игра, Пролет не дозволуваше поголема разлика од еден гол, а во еден момент водеше и со два гола, 11:13, а на пауза се отиде со гол плус за гостите 17:18.Во вториот дел се си дојде на свое место, а квалитетот и ритунираната на “пелистерци“ се покажа недостижен за гостите. До средина на вториот дел битолчани создадоа солидна залиха и предност за мирна завршница, беше 28:23. Еурофарм Пелистер имаше+10 во 53.минута, 33:23, а потоа следуваа и конечни 37:24.Најпрецизен кај Еурофарм Пелистер беше Костески со 9 голови, Танкоски и Хенеберг со по 5.

More from ВестиMore posts in Вести »