Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведено лице од Молдавија кај него имало дрога, два физички напади, повреден работник

Денеска (15.12.2022) во 00.20 часот на булевар „1 Мај“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола лишиле од слобода 23 годишник од  Република Молдавија затоа што кај него била пронајдена бела грутчеста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

На 14.12.2022 во СВР Битола, В.Н. (61) од Битола пријавил дека на ул. „Илинденска“ бил физички нападнат од 38 годишно лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 14.12.2022 во СВР Битола, Х.М. (21) од Битола пријавил дека на ул.„27-ма“ во Битола бил физички нападнат од соседот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 14.12.2022 во СВР Битола било пријавено дека при извршување работни задачи во депонија Мегленци со повреди се здобил 37 годишник од Битоа, вработен во ЈКП “Комуналец“. Тој бил пренесен во Клиничка болница Битола за укажување лекарска помош.  Увид бил извршен, а за настанот бил известен трудов инспектор. 

More from ВестиMore posts in Вести »