Вечерва во Офицерски дом-Битола, се одржа трибина во организација на ОО на ПОДЕМ- Битола, на која се зборуваше за историскиот развој на современиот македонски јазик.
На темата говореше проф. Наташа Младеновска- Лазаревска, која во својата опсежна дискусија ги опфати најзначјаните фази во развојот на македонскиот јазик, и тоа од кирилометодиевскиот период, создавањето на старословенскиот јазик и глаголицата, па се до новомакедонскиот период во развојот на јазикот, заклучно со неговата кодификација како литературен (стандарден) јазик.
Професорката Младеновска- Лазаревска рече:
-Не е случајно темата одбрана, зашто од една страна, станува збор за тема која секогаш е актуелна и отвара пат за нови и поинакви предизвици и истражувања, а од друга страна, месец декември е месец комплетно посветен на академикот Блаже Конески, со двата датума, и тој на раѓањето и тој на упокојувањето, така што актуелизирањето на содржини поврзани со македонскиот јазик се само уште една прилика да му се заблагодариме за неговата непроценлива заложба на овој план и додаде:
Ако се има предвид и тоа дека само пред една седмица го чествувавме ликот и делото на св. Климент Охридски, најдоследниот следбеник на кирилометодиевската традиција на теренот на Македонија- тогаш, впечатокот е уште посилен и поцелосен.

Трибина на ПОДЕМ-Битола за за историскиот развој на современиот македонски јазик (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат
- АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити
- Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина
- СВР Битола: пронајдено починато лице – телото дадено на обдукција, нарушен јавен ред и мир





