Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: приведена битолчанка за кражба, златниот накит вратен на сопственикот

Денеска (19.12.2022) во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода 37 годишна жена од Битола.

Таа се сомничи дека 17.12.2022 извршила кражба во златарница во Стара Чаршија во Битола.

Во службен разговор во полициска станица приведената го признала делото, а одземениот предмет бил пронајден и вратен на сопственикот. 

По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. 

More from ВестиMore posts in Вести »