Press "Enter" to skip to content

Марјан Илиевски, тренер на Пелистер: заморот и кратката ротација се отслика на мечот со Борац

Вчера во Златибор екипата на Пелистер од Битола беше поразена од Борац од Бања Лука, а на официјалната задолжителна прес-изјава, по натпреварот тренерот Марјан Илиевски рече:

-Знаевме дека ќе дојде овој замор, затоа што ротацијата која ја имаме цела сезона е кратка. Тоа се отслика на денешниот натпревар против Борац Бања Лука. До 17. минута игравме егал-натпревар, а потоа од 37-32 по нашиот тајм-аут противникот направи серија 11-0 и таа нивна енергија на млад клуб пресуди. Борац покажа дека има долга клупа, нивните кошаркарите имаа 55 скока, а „клупата“ постигна 32 поени, наспроти нашите 28 скока и малку поени од клупата. Се надевам дека брзо ќе го пребродиме ова што ни се случи на денешниот натпревар и верувам дека ќе имаме подобра ротација и помош од некој од кошаркарите на следните натпревари.

Утре, во салата во Златибор, со почеток во 18 часот кошаркарите на Пелистер го играат седмиот натпревар сезонава, а противник им е словенечкиот Хелиос.   

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »