Дваесетина ликовни дела, слики и цртежи создадени во поново време од страна на младата авторка Теодора Јовчевска, е содржината на нејзината прва самостојна изложба отворена деновиве во Галеријата ,,Ранко Струмениковски” во Битола. Пред присутните љубители на ликовната уметност, во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола, на чинот на свеченото отворање, за оваа млада уметница зборуваше Александар Поповски, ликовен педагог и уметник кој истакна дека младата Теодора Јовчевска, ученичка во Горната гимназија во Битола, својот ликовен талент го надградува во последниве три години од гимназиското школување.
Изложбата за отворена ја прогласи Драган Ристевски, докторант по областа за надарени и талентирани, при што нагласи дека Теодора Јовчевска со својот младешки ентузијазам и творечка ликовна наклонетост и енергија е вистински потенцијал кој него треба академски да го надгради.
Во наредните денови, изложбата ќе биде посетена од ученици во рамките на нивните часови по ликовна уметност.
Инаку, на задоволство на присутните, просторот на Галеријата ,,Ранко Струмениковски” овозможи пријатни уметнички мигови, а Галеријата е отворена за соработка со бројните млади ликовни, музички, литературни и други таленти за презентација на нивната уметност.

Прва самостојна изложба на уметнички дела на Теодора Јовчевска (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Денес е Велик петок, најтажниот ден за христијаните, денот на Христовото распнување и погребение
- Во Битола сончево, темпрературата до 15 степени
- Фото вест: на Велики Четврток 200-тото ИВФ бебе во болница “Плодност“ во Битола
- “Чкембе фест“ во октомври во Битола (фото)
- In memoriam: проф. д-р Виолета Пановска – Бошкоска, ректор на УКЛО 2003 – 2007
More from КултураMore posts in Култура »
- Венко Андоновски во Битола: книжевноста како отпор кон бесчувствителноста
- Во Битола 9. издание на Jazz Factory Festival 2026 – Национална џез платформа
- Изложба на Перо Спироски – Пипо, исклучителниот автор на пејсажот, во галерија “Ранко Струмениковски“ во Битола (фотогалерија)
- Преполна сала во Битола – силни емоции: мјузиклот за Freddie Mercury како вистински сценски спектакл (фотогалерија)
- Венко Андоновски ја наполни “Утопија“ пред да пристигне










