Дваесетина ликовни дела, слики и цртежи создадени во поново време од страна на младата авторка Теодора Јовчевска, е содржината на нејзината прва самостојна изложба отворена деновиве во Галеријата ,,Ранко Струмениковски” во Битола. Пред присутните љубители на ликовната уметност, во галеријата “Ранко Струмениковски“ во Битола, на чинот на свеченото отворање, за оваа млада уметница зборуваше Александар Поповски, ликовен педагог и уметник кој истакна дека младата Теодора Јовчевска, ученичка во Горната гимназија во Битола, својот ликовен талент го надградува во последниве три години од гимназиското школување.Изложбата за отворена ја прогласи Драган Ристевски, докторант по областа за надарени и талентирани, при што нагласи дека Теодора Јовчевска со својот младешки ентузијазам и творечка ликовна наклонетост и енергија е вистински потенцијал кој него треба академски да го надгради.Во наредните денови, изложбата ќе биде посетена од ученици во рамките на нивните часови по ликовна уметност.Инаку, на задоволство на присутните, просторот на Галеријата ,,Ранко Струмениковски” овозможи пријатни уметнички мигови, а Галеријата е отворена за соработка со бројните млади ликовни, музички, литературни и други таленти за презентација на нивната уметност.
Прва самостојна изложба на уметнички дела на Теодора Јовчевска (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Реобјавено од 3 ноември 2023 година: Во Битола премиера на претставата “Куфер.МК“ (фотогалерија)
- Премиера на монодрамата “КУФЕР.МК“ на Соња Михајлова во Народен театар Битола (фото)
- Битолскиот театар се подготвува за одбележување на јубилејот 80. години постоење
- Трета награда за КУД “Стив Наумов“ Битола на интернационалниот хорски фестивал во Херцег Нови
- Екипата на Битолски театар на прием во Македонската амбасада во Полска