Денес во работна посета на ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ во Битола беше министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Од страна на раководството на училиштето во Битола министерот беше информиран за постигнатите резултати на училиштето како и планираните идни активности.
-Ќе продолжиме да ја подигнуваме инклузивноста на образовниот систем, затоа што сите деца мора да имаат подеднаков пристап до квалитетно образование. Покрај континуираните обуки за наставниот кадар во редовните училишта, набавката на нагледни средства и помагала, доделувањето на стипендии и слично, следната година ќе ја зголемиме и поддршката во форма на образовна асистенција за учениците со попреченост, која повеќе не е товар на родителите и старателите, туку обврска на државата, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Директорот на училиштето, Филиповски го информираше министерот за сите успеси и постигнувања на учениците и наставниците во 2022 година и како што рече, процесот на инклузија во училиштето се одвива добро и ќе остане приоритет и следната календарска година.
Министерот заедно со директорот на училиштето Роберт Филиповски и пратечничките во Собранието на Република Северна Македонија, Марија Кочовска и Бети Рабаџиевска Наумовска на учениците со попреченост кои се дел од редовниот воспитно – образовен процес, им доделија новогодишни пакетчиња обезбедени од Центарот за поддршка на учењето на децата со попреченост.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири во посета на ОУ “Ѓорѓи Сугарев“ во Битола
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат
- АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити
- Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина
- СВР Битола: пронајдено починато лице – телото дадено на обдукција, нарушен јавен ред и мир





