Press "Enter" to skip to content

МЗТ се одбрани во Битола, се врати во игра и дојде до победа (фотогалерија)

Пелистер – МЗТ Скопје 79:83

Екипата на Пелистер од Битола на свој терен не дојде до победа против кошаркарите на МЗТ Скопје во одличен натпревар на двете екипи кои конкурираат за највисок пласман. “Пелистерци“ иако имаа и +16 не успеја да ја зачуваат предноста, а “металците“ од друга страна прво ја анулираа разликата, а на крај и се радуваа на нова победа во Битола. “Пелистерци“ одлично го отворија натпреварот и со “помошта“ од трибините кои ги имаше и повеќе од 1.500 гледачи, му создадоа многу проблеми на гостинот. МЗТ Скопје проба, но не успеа да дојде до поволен резултат и на крај од првиот квартал беше 26:16 за Пелистер“ Во втората четвртина гостите намалија од разликата и на полувреме се отиде со +6 за Пелистер и резултат 48:42.По одморот, во продолжението МЗТ СКопје успеа да направи вистински резултатски пресврт, и по 30 минути игра, „сино-белите“ имаа позитива од 3 поени, а во последата четвртина се влезе со резултат 64:67, како увертира за драма во Битола, во последната четвртина. 

МЗТ одржуваше позитивна разлика, а највисока беше на 2:40 минути пред крајот, кога водеа со 78:70 или +8. Стајиќ направи техничка и 5. лична грешка на Хаџифезовиќ  беа критични, но, следуваа две тројки на Карпентер за 76:78 за -2. Пелистер имаше, но кошаркарите немаа сили за нов пресврт. Најефикасен кај Пелистер Хаџифејзовиќ со 20 поени, следуват Карпентер со 16 и Караџовски со 15.Со вечерашната победа МЗТ и официјално ќе презими на лидерската позиција со скор 10:1. додека Пелистер е на делбата на второто и третото со осум победи и три порази.

More from ВестиMore posts in Вести »