Синоќа во ударниот термин за одржување на “Зимската приказна“ во Битола, на платото пред Офицерски дом, настапи виртуозот Благојче Трајковски со група “Фонтана“ заедно со неговите гости Даница Крстиќ, вокал од Србија, Ангел Демирев, гитарист од Бугарија и Џамбо Агушев на труба, кои го одржаа концертот насловен “Патување“.Иако во Битола овој балкански состав на музичари се претстави во Центарот за култура, во рамките на фестивалот “Музика од светот“, синоќа уште еднаш го привлекоа вниманието на битолчани, но низ публиката имаше гости од регионот, од Прилеп, Демир Хисар, Лерин и околината…
-Вие при нас бевте за огнот на Коледе, ние сме при вас сега на музика. Тука сме од сабајле, бевме низ Чаршија, пазарувавме, слушавме музика, и сега сме уште тука. Си одиме за Лерин и се утре се враќаме, ни рекоа гостите од Лерин, кои на прашањето дали има уште нивни сограѓани одговорија дека има, а има и млади кои деновиве доаѓаат во Битола, не само на концерт туку и во кафеаните, каде редовно има музика.
Како домаќин на концертот Благојче Трајковски, во име на сите учесници и гости ја поздрави публиката која уште еднаш во Битола, за кратко време дојде да ги слуша, а емоциите се големи како и секогаш кога настапува во Битола.
Покрај нив настапија и Борче Наумовски, “Еликсир бенд“ и “Нала бенд“.
Денес според програмата на “Зимска приказна“ во Старата битолска чаршија ќе настапат групата “Преродба“, Дејание и Сара, група “Маестрал“ и “Адути бенд“. На платото пред Офицерски дом во 20 часот концерт на Камерниот оркестар “JAMES BOND SYMPHONY“, “Светот на Биби“, поп рок хор и “Ние запирка другарите“.

“Патувањето“ на Благојче и “Фонтана“ и “Зимската приказна“ во Битола донесоа гости од регионот на платото пред Офицерски (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Илија Димовски јуниорски победник во билјард, Тони Петровски во ветерани
- Двајца ловџии од Битола уловиле две срни, полицијата ги приведе
- СВР Битола: проведување за дрога, малолетничко насилство, со “шевролет“ излетал од патот
- Зајакнување на научно-истражувачките капацитети на УКЛО Битола со значајни резултати (7)
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
More from ЗабаваMore posts in Забава »
- “Широк Сокак во бело“ по 13 пат, на “Магнолија“ во Битола (мега фотогалерија)
- Детски хепенинг на 13. издание на “Широк Сокак во бело- Бела ноќ“ кај Офицерски во Битола (фотогалерија)
- Armin Van Buuren сет визуелно музичко патување и спектакл на стадионот во Битола, уживаше публика од 10 илјади (фотогалерија+видео)
- Теа Таировиќ ја разгоре атмосферата на ракометно игралиште во Битола (фотогалерија)
- Ламбе Алабаковски и “Како пиреј“ за старт на продолжението на проектот „Македонијо во срце те носиме“ (видео)