Синоќа во ударниот термин за одржување на “Зимската приказна“ во Битола, на платото пред Офицерски дом, настапи виртуозот Благојче Трајковски со група “Фонтана“ заедно со неговите гости Даница Крстиќ, вокал од Србија, Ангел Демирев, гитарист од Бугарија и Џамбо Агушев на труба, кои го одржаа концертот насловен “Патување“.
Иако во Битола овој балкански состав на музичари се претстави во Центарот за култура, во рамките на фестивалот “Музика од светот“, синоќа уште еднаш го привлекоа вниманието на битолчани, но низ публиката имаше гости од регионот, од Прилеп, Демир Хисар, Лерин и околината…
-Вие при нас бевте за огнот на Коледе, ние сме при вас сега на музика. Тука сме од сабајле, бевме низ Чаршија, пазарувавме, слушавме музика, и сега сме уште тука. Си одиме за Лерин и се утре се враќаме, ни рекоа гостите од Лерин, кои на прашањето дали има уште нивни сограѓани одговорија дека има, а има и млади кои деновиве доаѓаат во Битола, не само на концерт туку и во кафеаните, каде редовно има музика.
Како домаќин на концертот Благојче Трајковски, во име на сите учесници и гости ја поздрави публиката која уште еднаш во Битола, за кратко време дојде да ги слуша, а емоциите се големи како и секогаш кога настапува во Битола.
Покрај нив настапија и Борче Наумовски, “Еликсир бенд“ и “Нала бенд“.
Денес според програмата на “Зимска приказна“ во Старата битолска чаршија ќе настапат групата “Преродба“, Дејание и Сара, група “Маестрал“ и “Адути бенд“. На платото пред Офицерски дом во 20 часот концерт на Камерниот оркестар “JAMES BOND SYMPHONY“, “Светот на Биби“, поп рок хор и “Ние запирка другарите“.

“Патувањето“ на Благојче и “Фонтана“ и “Зимската приказна“ во Битола донесоа гости од регионот на платото пред Офицерски (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Марина Крстиќ – нов заменик градоначалник на Општина Битола
- Поддршка за културата во Битола: MINT зад Шекспир фестивалот 2025
- Амбасадорите на Германија и Франција во посета на Општина Битола и на комеморација на Француските гробишта
- НТБ Битола вечерва со премиера на “Магбет“ свечено ќе го отвори Шекспир фестивалот и ќе го прослави 81. роденден (фото)
- Дијабет на работа- обука за вработените во Подружница РЕК “Битола“
More from ЗабаваMore posts in Забава »
- Разиграна љубовна носталгија е “Магија“ на “Бузуки бенд“ (видео)
- Бојана Скендеровски го најавува својот прв солистички концерт “Бесмртна“
- “Широк Сокак во бело“ по 13 пат, на “Магнолија“ во Битола (мега фотогалерија)
- Детски хепенинг на 13. издание на “Широк Сокак во бело- Бела ноќ“ кај Офицерски во Битола (фотогалерија)
- Armin Van Buuren сет визуелно музичко патување и спектакл на стадионот во Битола, уживаше публика од 10 илјади (фотогалерија+видео)










