Во рамките на активностите на ГАУС институтот од Битола, како дел од конзорциумот на CAST проектот кој работи со Еразмус+ грант од Европската комисија, во месеците мај и декември, се одржаа работилници за слепи лица.
На работилниците беа презентирани најнови технологии на 3-д тактилни модели, слики и текстови кои би користеле во унапредување на квалитетот на живот на слепите лица. Истовремено, младите посетители добија идеи и насоки за транскрипција на текстови со тактилни графики, како потенцијална професионална насока.
Во рамките на CAST проектот (Capacity building for success – foSTering youth professional realization and employability), ГАУС институтот од Битола како носител на активностите за Република Северна Македонија дејствува заедно со партнерите Udruzenje Osvezenje Prona – Fondacija za Promovisanje Nauke Црна Гора, CRA Bulgaria, ProGlobal Romania Pgsa Bucharest, DIR Bosnia and Herzegovina, CCP Albania, FORTES Impresa Sociale SRL Италија.

Работилници со тактилни модели, слики и текстови во организација на ГАУС институтот, како дел проектот CAST
More from ВестиMore posts in Вести »
- “Тра-ла-ла“ – празник на детската песна во Битола
- Градоначалникот Коњановски пред советниците за првата година од вториот мандат
- АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити
- Употребата на дигиталните платформи и сајбер насилството во училишната средина
- СВР Битола: пронајдено починато лице – телото дадено на обдукција, нарушен јавен ред и мир





