Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: пронајдени починати две лица во својот дом и две приведувања

На 02.01.2023 во СВР Битола било пријавено дека околу 10.15 часот во домот во Битола биле пронајдени починати две лица на возраст н 88 и 63 години, двајцата од Битола. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, над телата на починатите нема да се врши обдукција.

На 02.01.2023 на ул. „Смилевски Конгрес“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола  привеле 35 годишни лице од Битола затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување.  По целосно докумнетирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 03.01.2023 пред угостителски објект на ул. „Партизанска“ во Битола, полициски службеници од Полициската станица Битола лишиле од слобода 36 годишни лице од Битола затоа што кај него била пронајдена бела тврда материја. По докуменитрање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »