Press "Enter" to skip to content

МНД Битола ќе организира трибина за повеќедецениската дејност на Владимир Костов

Со упокојувањето на нашиот долгогодишен член, Владимир Костов, изгубивме добар соработник, извонреден творец, книжевен хроничар на Битола, философ, зналец и познавач на многу области од човековото живеење, виртуоз на перото, а пред се, човек.

Во негова чест, во знак на сеќавање, во месеците кои следуваат од  2023 година, Друштвото ќе организира стручна трибина на која посуштински ќе биде елаборирана и претставена неговата повеќедецениска книжевна дејност.

Во овие тешки мигови, примете искрено сочувство од членовите на Македонското научно друштво – Битола, се вели во соопштението на МНД, потпишано од проф. д-р Невена Груевска,претседател на Македонско научно друштво – Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »