Денешната Бадниковата поворка, внесе радост и во Општина Битола, младите гласници на најубавата вест, во општинската зграда влегоа пеејќи ја песната “Вечниот бог“, а на нивните уморни мали раце ја внесоа и пештерата и ѕвездите, навестувајќи го Христовото раѓање.Младите гласници во општината беа пречекани од заменик градоначалникот Бојан Бојкоски, претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска и советниците Анета Ѓоргиевска и Борче Корлевски.
Претседателката на Советот на општина Битола, Габриела Илиевска, им се обрати на дечињата и рече:
-Вие сте најдрагите гости во Општина Битола, бидејчи ја носите веста за Христовото раѓање. Сакам да Ви се заблагодарам во име на градоначалникот Тони Коњановски за посетата и за се што направивме денес во Битола, да го најавите Христовото раѓање.
На сите мали гости им беа поделени божикни пакетчиња.

Младите битолчани од Бадниковата поворка во Општина Битола ја внесоа пештерата и ја запеаја “Вечниот бог“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Bitolanews во посета на музејот каде се наоѓаат гробниците на македонските кралеви во Кутлеш – Вергина (мега фотогалерија)
- Во “Талент шоу“ на Црвен крст учениците од основните и средните училишта, со своите таленти ја обоија Битола во црвено-бели бои (фотогалерија)
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)
- Општина Битола: изведувачот ќе ги санира појавените девијации на коловозот на улица “Бурса“ кај Пиварата
- Во Битола променливо облачно, температурата до 18 степени