ЈКП „Водовод“ Битола ги известува и повикува сите корисници кои имаат неплатени долгови, опомени и тие кои што се тужени, навремено да ги подмират своите долгови за потрошена вода кон претпријатието.
Со цел избегнување на дополнителни трошоци, на должниците им се дава рок од еден месец од денот на објавувањето на ова известување за доброволно подмирување на заостанатите обврски.
Доколку во наведениот рок не се изврши плаќање, ЈКП „Водовод“ Битола ќе биде принудено да преземе соодветни законски мерки за наплата на побарувањата, вклучително и поведување на судска постапка против должниците.






