-И оваа година 2023 битолчани останаа доследни на традицијата палење коледарски оган, а пред 10 години во 2013 година, пред да се запалат коледарските огнови низ маалаа низ Битола се запали коледарски оган на плоштадот “Гоце Делчев“ во Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Големиот коледарски оган, симболот на божјата светлина, беше запален организирано, а околу огнот имаше голем број битолчани, со што се најави Христовото раѓање, настанот беше организира од локалната самоуправа и градоначалникот Владимир Талески.
Многубројните граѓани, со песни, чашка ракија и вино, колбаси и топло гравче се топлеа покрај големиот коледарски оган.
Целата манифестација беше збогатена со богата музичка програма, се со цел заеднички се дружат, забавуваат.
Општина Битола обезбеди дрва што бесплатно им ги подели на верниците кои ги палеа коледарските огнови по убаните заедници, но дрва без поделени и на дел од социјално загрозените семејства.

Деновиве пред 10 години: голем коледарски оган запален на плоштадот “Гоце Делчев“ (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Битолчани, љубители на мото-крос не мируваат во зима, 135 километри најголем дел по снег на неколку врвови околу Битола (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: во јануар 2013 до темел изгоре планинарскиот дом “Копанки“ (фотогалерија)
- Фото вест: Светиот крст во соблекувалната на кошаркарите на Пелистер
- Александар Талевски го извади Светиот крст од осветените води на крстилницата во “Св. Недела“ во Битола (фото+видео)
- Деновиве пред 10 години: Никола Свенчев по трет пат го “фати“ крстот, лани во 2022 му беше четврти пат (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Стручен семинар за џудо тренери и џудо судии за лиценцирање за 2023 година
- Билтен на МВР: возач возел со 2.61 промил алкохол, 69 казни за брзо возење
- Промовирана книгата “Креативни техники за работа со деца во инклузија“
- Во Битола променливо облачно и студено
- Марјан Илиевски по победата над Сутјеска: во натпревар кој е лош по здравјето, најважна ми е победата